Top Sport

За семејството Глејзер Пол Погба е „недопирлив“, како Меси во Барса

Иако околу неговиот потенцијален трансфер од Манчестер јунајтед имаше многу шпекулации, сопствениците на клубот, семејството Глејзер смета дека нема теорија Пол Погба да заврши во друг клуб, тврди шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“.

Според весникот, Барселона иако е заинтересирана дури да плати 12 милиони евра годишно на Французинот, Манчестер јунајтед едноставно сметаат дека Погба е „недопирлив“ и ѕвезда каква што Барселона на пример ја има во Лионел Меси.

Ова може да биде лоша вест за менаџерот Жозе Мурињо, кој сега се наоѓа во ситуација тој да е „потрошна роба“, додека 25-годишниот Французин има статус на „недопирлив“ во клубот. Ова би значело дека иако Мурињо засега ја има поддршката на клубот, во ситуација да мора да се бира меѓу Мурињо и Погба, клубот сигурно би го задржал Французинот.

Дали се работи само за изговор на Барселона, или има вистина во оваа „теорија“ останува да се види.

Scroll to Top