Top Sport

За шефот на Премиерлигата, ерата на Роман Абрамович во Челси не беше добра за имиџот

Извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс вели дека е тешко да се опише ерата на Роман Абрамович како газда на Челси како добра за брендот на најдобрата англиска лига, и покрај фантастичниот успех на „сините“.

Абрамович беше приморан да го продаде Челси откако беше под санкции на британската влада, и на негово место дојде американска групација предводена од газдата на Лос Анџелес доџерс, Тод Бели. Абрамович по купувањето на клубот во 2003 година го трансформираше Челси од клуб од средината на табелата до пет премиерлигашки титули и два трофеи од Лигата на шампионите, носејќи дел од најдобрите светски фудбалери на „Стемфорд Бриџ“.

Мастерс, пак, смета дека само фановите на Челси сметаат дека Абрамович бил добар за Премиерлигата.

„Тешко е да се зборува сега за работите кои беа добри поради тоа што се случи во последните шест и пол месеци. Ако ги прашате навивачите на Челси ќе добиете поинаков одговор. Спречувањето е подобро од лечењето, нели? Да постоеше тестот на сопствениците и директорите кој постои сега, не знам дали Абрамович ќе добиеше дозвола да го купи тимот“, вели Мастерс.

Scroll to Top