Екипата на Леганес во овој преоден рок ја засили својата дефанзивна линија со Кенте Омеруо.
Овој 24-годишен репрезентативец на Нигерија, минатата сезона настапуваше во турската екипа Касимпаша.
Интересно, Омеруо, шест години беше играч на Челси, но нема одиграно ниту еден меч за „сините“ од Лондон.
Нигериецот како позајмен играч настапувал за Ден Хаг, Аланијаспор, Стандрад од Лиеж и Касимпаша.
За репрезентацијата на својата земја има одиграно 40 натпревари.