Ниту еден од најбогатите клубови во светот, Реал Мадрид, не е имун на финансиската криза која произлезе од пандемијата што ја предизвика вирусот ковид-19. За да ги намали расходите и да има пари за летниот преоден рок клубот планира да отпушти неколку играчи.
Реал за оваа година планирале буџет од 822 милиони евра (трошоците би биле 741 милиони евра, заработката околу 80 милиони евра). Реал од членарината, влезниците и годишните влезници заработува 161 милиони евра, 109 милиони евра клубот заработува од пријателските натпревари и меѓународните турнири, 180 од ТВ права и 371 милион од маркетингот.
Овие бројки сега се во сериозна опасност. Дури и да се остварат оптимистичките прогнози и минусот што го предизвика кризата да биде 20 отсто, во пари тоа се 160 милиони евра.
Поради тоа клубот ќе мора да продава, за да има пари за трошење и да го растовари буџетот за плати.
Прв на трансфер-листата секако е Герет Бјел. Бруто платата на Велшанецот изнесува 30 милиони евра. Втор на оваа листа е Хамес Родригез чија бруто плата изнесува 18 милиони евра. Приоритет на Реал е да се ослободи од нивните договори.
Исто така на продажба ќе бидат Маријано Дијаз, Лукас Васкез, Дани Себалјос, Хесус Валјехо. Исто така од клубот им порачале на Лука Модриќ и Марсело дека нема да им прават проблеми доколку најдат нови ангажмани.
Добра вест за Реал е што во овој преоден рок нема да мораат многу да купуваат бидејќи неколку играчи ќе се вратат на „Сантијаго Бернабеу“. Тука најмногу се мисли на Мартин Едегард, Ашраф Хакими и Серхио Регуилон кој се позајмени во Реал Сосиедад, Борусија Дортмунд, односно Севилја.