Англискиот второлигаш Рединг потврди дека го ангажирале поранешниот фудбалер на Њукасл, Енди Керол на краткорочен договор до средината на јануари 2022 година. На 32-годишниот напаѓач му заврши договорот со Њукасл на крајот на сезоната, по што се веруваше дека се повлекол од фудбалот.
„Ова е договор на кој работиме подолго време и сигурни сме дека е вистински потег за клубот и за фудбалерот. Енди бара нов предизвик во кариерата, а нам ни е потребен некој со толку квалитет и искуство“, изјави менаџерот на Рединг, Вељко Пауновиќ.
Керол, кој во кариерата играше и во Ливерпул и во Вест хем, имаше 9 настапи за англиската репрезентација од 2010 до 2012 година и два постигнати голови.
Welcome to Reading Football Club, Andy! ?
We are delighted to announce the signing of former-Newcastle United striker Andy Carroll, who signs on a short-term deal until mid-January.#WelcomeAndy | #Royals150
— Reading FC (@ReadingFC) November 15, 2021