Top Sport

Јужна Африка бара преигрување на мечот со Гана поради скандалозниот пенал

Јужна Африка вчера загуби од Гана во меч од квалификациите за Светското првенство во Катар со еден контроверзен пенал, и националната федерација бара преигрување на мечот поради скандалот.

Даниел Амарти, фудбалерот на Лестер, падна театрално по стартот на Рушин де Реук во првото полувреме и судијата Ндиаје Магет неочекувано покажа на белата точка, а Андре Ају беше сигурен за да ги пласира Гана во следната фаза на африканските квалификации.

„Судиите го решија мечот, и тоа не смее да се дозволи. Ќе пишеме писмо до Африканската конфедерација (ЦАФ) и до ФИФА за да ни ги објаснат ваквите одлуки. Ќе одиме со формална жалба и бараме преигрување на мечот. Не се работи само за овој пенал, туку за многу сомнителни одлуки на судиите“, вели претседателот на Јужноафриканската фудбалска федерација (САДА), Тебого Мотланте.

Ако се случи преигрување, тоа нема да биде преседан – токму Јужна Африка мораше да го преигра мечот со Сенегал во квалификациите за СП во 2018 поради судиска грешка, по која судијата Џозеф Лемпти доби доживотна суспензија. Причината беше тоа што Калиду Кулибали играше со колено, а судијата досуди пенал. Првиот меч Јужна Африка го доби со 2:1, вториот го загуби со 0:2 и Сенегал се квалификуваше за Мундијалот.

„ФИФА ни нареди да играме повторно со Сенегал, и за правдата да биде задоволена треба да добиеме нов меч против Гана“, објаснува Мотланте.

Scroll to Top