Жалбата на Манчестер сити против двегодишната суспензија од Лигата на шампиони ќе биде разгледувана пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) од 8 до 10 јуни, потврди судот во Швајцарија.
УЕФА ги казни актуелните англиски шампиони со двегодишна суспензија и 30 милиони евра во февруари поради прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП), односно за лажно пријавување на приходи од спонзорите од 2012 до 2016. Истрагата започна по објавувањето на податоците од страна на германскиот магазин „Дер Шпигел“ во ноември 2018.
Манчестер сити ги отфрлаат обвинувањата и тврдат дека УЕФА донела одлука пред воопшто да почне истрагата и најавија жалба.
Со закажувањето на сослушувањето пред ЦАС, судот би требало да донее одлука пред враќањето на Премиер лигата во акција, закажано за 12 јуни. Ова може да биде клучно за преостанатите клубови, бидејќи Сити тешко дека ќе го загуби второто место, што значи дека и петтопласираниот во лигата оди во Лигата на шампионите.