Top Sport

За Ван де Бек нема место во Манчестер јунајтед

Поранешниот холандски репрезентативец, Дони ван де Бек (26) и оваа сезона нема да игра за Манчестер јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“ ќе го испрати на нова позајмица. Ван де Бек, кој блескаше во Ајакс, што му овозможи трансфер во Манчестер јунајтед, не успеа да се снајде и да се наметне во редовите на славниот клуб.

Холанѓанецот одигра неколку натпревари во претсезоната, но јасно е дека неговиот поранешен и актуелен тренер, Ерик тен Хаг, не смета сериозно на неговите услуги. Ван де Бек ќе оди на позајмица.

Најзаинтересиран е тимот на Реал Сосиедад кој го сака до крајот на сезоната со опција да го откупи за 10 милиони евра.

Наводно, тој и бил понудан и на Рома, но Жозе Мурињо ја одбил таа можност.

Ван де Бек има договор до 2025 година, но тешко дека ќе издржи во дресот на Јунајтед до крајот на договорот.

Scroll to Top