Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте му даде на поранешниот англиски репрезентативец, Овен Харгривс лекција за фудбалска тактика, објаснувајќи зошто крилата имаат клучна улога во неговиот систем.
Во видео објавено на Јутјуб каналот на Тотенхем, тој користејќи „Субутео“ табла, која ја користи и во секојдневната работа со своите фудбалери.
„Понекогаш ја користам таблата за да им објаснам тактички ситуации на фудбалерите. 3-4-3 е нашиот систем, нашата формација која ја користиме во Тотенхем. Кога еден менаџер пристигнува во клуб, мора детално да ги искористи карактеристиките на своите играчи, а дури потоа да ја воведе сопствената идеја за фудбалот“, вели Конте.
53-годишниот Италијанец има четири титули во Италија како тренер (три со Јувентус и една со Интер), како и трофеј од Премиерлигата со Челси.
„Крилата се клучни ако играте со тројца одзади. Тие се важни бидејќи ако не се добри, тогаш играте премногу дефанзивно, затоа мора да се многу квалитетни. Сакам да имам играч кои во минатото играле на крило, бидејќи секогаш се добри еден-на-еден. Се сеќавам многу добро кога пристигнав во Челси, почнав да играм со 4-2-3-1 систем, но кога загубивме од Арсенал, решив да го сменам тоа. Тогаш открив дека Виктор Мозес е фантастичен на таа позиција. Истото беше со Иван Перишиќ. Тој е крило и во првата сезон во Интер не беше убеден во неговат улога. Но, потоа покажа дека е еден од најдобрите“, додава Конте.
? “To be competitive, the players have to be good offensively, defensively and find the right balance in both situations”
An insight into the tactical mind of Antonio Conte ?
? Premier League Productions
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) August 23, 2022
Целото видео погледнете го тука: