Top Sport

Забалета ја заврши кариерата

Поранениот аргентински репрезентативец Пабло Забалета (36) стави крај на кариерата. Својата одлука тој ја соопшти преку социјалните мрежи.

„Решив да ја завршам 18-годишната фудбалска кариера. Годните во фудбалот беа прекрасни, ми овозможија да доживеам моменти на кои ќе се сеќавам целиот мој живот“, напишал Забалета.

Пабло Забалета професионалната кариера ја започна во Сан Лоренцо, во Европа се пресели во 2005 година кога стана член на Еспањол. По три години од Шпанија направи трансфер во Премиер лигата, во Манчестер сити. За „граѓаните“ одигра преку 300 натпревари, освои две титули во Премиер лигата.

Изминатите три години тој играше во Вест Хем. За Аргентина настапил на 58 натпревари.

Scroll to Top