Top Sport

Забицер не сака да се врати во Баерн

Фудбалерот на Баерн, Марсел Забицер, кој до крајот на сезоната настапува како позајмен во Манчестер Јунајтед, изјави дека нема намера да се врати во клубот од Минхен.

Австриецот истакна дека клубот од „Олд Трафорд“ е поголем од Баерн.

„Многу работи вкусив во мојата кариера. вклучувајќи го и Баерн. Овде сè е поголемо. Има повеќе луѓе кои се грижат за тебе. Луѓето се луди по Манчестер Јунајтед. Можете да го почувствувате тоа на „Олд Трафорд“. Затоа можам само да уживам еве, многу сум горд што успеав да бидам дел од овој клуб“, изјави Забицер.

Австриецот пристигна во Манчестер Јунајтед на крајот на јануари на позајмица до крајот на сезоната.

За англискиот клуб одигра 16 натпревари и постигна три гола.

Забицер (29) е член на Баерн од 2021 година, а претходно играше за Салцбург, Лајпциг, Рапид Виена и Адмира Вакер.

Scroll to Top