Top Sport

Заборавил против кого игра па не го прославил голот (Видео)

Бизарна е причината поради која хрватскиот репрезентативец минатата недела не го прославил голот што го постигнал против Вердер.

Портпаролот на Ајнтрахт Франкфурт, една недела по натпреварот, најпрвин ги демантирал наводите дека Ребиќ сакал да го покаже своето незадоволство, односно дека побарал трансфер.

„Го преплави адреналинот во тие моменти, толку многу што заборавил против кого играме. Мислеше дека постигнал гол против својот поранешен тим Лајпциг“, рекол портпаролот.

Инаку, Ребиќ против својот поранешен тим Лајпциг ќе игра наредниот викенд.

Scroll to Top