Top Sport

Питино: Калатес е подобар од Меџик, Бирд и останатите „богови“ (Видео)

Тренерот на Панатинаикос, Рик Питино, упати низа комплименти за играта на плејмејкерот Ник Калатес, по синоќешната победа над Анадолу Ефес 83:70.

„Сум предводел тимови што играле против Меџик Џонсон, Бирд и останатите „богови“, какви што се Ајзеа Томас или Морис Чикс…Ник Калатес е најдобриот асистент што сум го гледал во животот“, рекол Питино.

Сличен став има и соиграчот на калатес, Шон Килпетрик, кој во Панатинаикос пристигна пред еден месец.

„Ник е еден од најдобрите асистенти што сум ги видел. Тој сака сите околу него да бидат уште подобри, што само говори за неговиот карактер“, рекол Американецот.

Калатес натпреварот со Анадолу Ефес го заврши со 20 поени, осум скока и 13 асистенции.

Scroll to Top