Натпреварот на Задхаузен во втората Бундес лига, веројатно ќе биде одложен, откако клубот пријави 18 заразени со коронавирусот. Клубот соопшти дека заразени се 12 фудбалери и шест луѓе од клупскиот персонал.
Заразените пријавиле симптоми на настинка, тестовите потврдиле дека сите се заразени со вирусот Ковид-19.
Фудбалски натпревари во Германија, често се одлагаа минатата сезона, поради коронавирусот. Оваа сезона ова е прв ваков случај.
Веста за 18 заразени во Задхаузен доаѓа во монмент кога во Германија расте бројот на заразени. Германија денес пријави рекордни 37.120 заразени.