Top Sport

Заедничка кандидатура на Италија и Турција за ЕУРО 2032

ЕУРО 2028 речиси сигурно ќе се одржи во Англија, Северна Ирска, Шкотска, Велс и Република Ирска.

УЕФА денеска соопшти дека Италија и Турција ги повлекле индивидуалните понуди за организација на Европското првенство во 2028 година и доставиле нова, заедничка кандидатура но за наредниот континетален шампионат.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тоа е стратешки потег на Италија и Турција со цел со сигурност да ја добијат организацијата на Европското првенство во 2032 година, бидејќи поединечно не би ја освоиле организацијата во 2028 година.

Откако Италија и Турција официјално се повлекоа од кандидатурата за ЕВРО 2028, сега е речиси сигурно дека Европското првенство за пет години ќе се игра во Англија, Северна Ирска, Шкотска, Велс и Ирска, земјите кои поднесоа заедничка кандидатура.

УЕФА ќе ја донесе конечната одлука за организаторите на ЕП 2028 и 2032 година на 10 октомври на состанокот на Извршниот комитет.

Scroll to Top