Претставници на Ливерпул и Атлетико Мадрид, градските власти и УЕФА, синоќа донеле заедничка одлука осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите да биде одигран пред публика.
Ливерпул вечерва ќе го пречека Атлетико на „Енфилд“.
Ноќ пред натпреварот бил одржан „кризен“ состанок, на кој била донесена заедничка одлука да се игра со публика.
Шпанската влада пред овој натпревар упатила апел до своите граѓани да не патуваат во Англија, а доколку сепак се решат да отпатуваат, по враќањето да бидат одговорни исто како што тоа треба да го направат и додека се во Ливерпул.
Атлетико објави дека ќе им ги врати парите на навивачите кои имаат билети, а кои решиле да не отпатуваат во Ливерпул.
Натпреварот вечерва ќе започне во 21 часот, а Атлетико има предност од 1:0.