Фудбалските сојузи на Полска, Чешка и Шведска, со заедничко писмо, побарале од ФИФА, натпреварите во баражот за пласман на Светското првенство да не се играат на територијата на Русија.
Во заедничкото писмо, потпишано од претседателите на Сојузите, стои дека тие немаат намера да патуваат во Русија. Националните сојузи на овие три држави се надеваат дека ФИФА ќе понуди алтернативно решение.
Русија треба да ја пречека Полска на 24.март, а Шведска ќе игра против Чешка. Доколку Русија ја победи Полска, во финалето ќе го пречека победникот од дуелот Шведска и Чешка.
OŚWIADCZENIE FEDERACJI PIŁKARSKICH POLSKI, SZWECJI I CZECH. Więcej… https://t.co/fkNXQJIseH pic.twitter.com/Tc9o5POp02
— PZPN (@pzpn_pl) February 24, 2022