Ајнтрахт Франкфурт ја потврди тажната вест, тренерот на тимот до 19 години Хелге Раше (33) загина во сообраќајна несреќа.
„Целосно сме скршени од загубата на тренерот до 19 години Хелге Раше. Тој загина во страшна сообраќајна несреќа во четвртокот. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, објави Ајнтрахт на социјалните мрежи во петокот.
„Билд“, објави дека Раше во северозападниот дел на Франкфурт излетал од патот откако се излизгал по чакалот на асфалтот кој останал од градежните работи, а потоа автомобилот удрил во дрво.
Раше починал на лице место, автомобилот е целосно уништен.
Фудбалерите на Ајнтрахт биле информирани за несреќата во четвртокот.
Раше му се приклучи на младинскиот тим на Ајнтрахт во 2020 година. Прво го предводеше тимот до 17 години, а од 2023 година го презеде младинскиот тим до 19 години.