Top Sport

Загреб, конечно ги дочека хероите од Русија (Видео)

Пет часа хрватските фудбалери, освојувачи на сребрениот медал на Светското првенство во Русија, патуваа од аеродромот до главниот плоштад во Загреб „Бан Јелачиќ“.

Во моментот кога панорамскиот автобус се доближи до плоштадот беа запалени голем број на факели, што дополнително ја вжешти атмосферата.

Според проценките на хрватската полиција на и околу плоштадот има околу 300.000 луѓе.

„Немам зборови. Во Русија не игравме за нас, туку за семејствата, за цела Хрватска, за сите Хрвати во Босна и Хрецеговина, во дијаспората, за бранителите. Да не беа тие немаше да ја има ниту оваа шаховница. Не сме шампиони на светот, ние сме вице-прваци. Ви препознавме дека дадовме се од себе. Овие момци со гордост го носеа овој дрес. Ние дадовме се од себе, но и вие го сторивте истото. Над се-Хрватска“, рекол во своето обраќање селекторот на репрезентацијата Златко Далиќ.

Спектакуларен пречек за светските вице-шампиони (Видео)

Scroll to Top