Најновата повреда на Еден Азар го крена степенот на загриженост во Фудбалскиот сојуз на Белгија. Белгијците стравуваат дека капитенот на репрезентацијата нема да биде подготвен за Европското првенство.
„Чекаме, но ова е загрижувачки. За разлика од Денис Прат, Кевин Де Брујне и Дрис Мертенс, Еден има хронична повреда, која секогаш лошо завршува“, рекол докторот на репрезентацијата на Белгија, Кристоф Сас и продолжил.
„Прво имаше проблем со зглобот, а потоа три пати со мускулот. Лошо му оди, тешко се излегува од еден таков круг на повреди. Важно е да тренира како врвен спортист, но и тоа е тешко кога е во процес на рехабилитација“.
Според медиумите во Белгија, од националниот Сојуз ќе барале од Реал редовно да добиваат информации за состојбата на Азар, дури се надевале дека од Мадрид ќе му дозволат рехабилитацијата да ја продолжи во Белгија.
Белгијците се сомневале дека Азар не добива доволно квалитетна медицинска нега во Мадрид.
Азар, најновата повреда на мускулот, поради која ќе паузура од четири до шест недели, ја доживеа во понедлникот.