Top Sport

Загриженост во ПСЖ – Мбапе оди со помош на патерици

ПСЖ скапо ја плати титулата во Купот која ја освои синоќа во дуелот со Сент Етиен. „Светците“ славеа со 1:0, но по 30 минути игра останаа без Килијан Мбапе.

Младиот напаѓач се повреди по стартот на Лиок Перан. Остриот старт на капитенот на Сент Етиен предизвика бурни реакции од соиграчите на Мбапе.

Откако судијата ги смири страстите на теренот му покажа црвен картон на Перан, а Мбапе во солзи го напушти теренот.

Потоа напаѓачот се врати на клупата со помош на патерици.

По натпреварот од клубот не дадоа никакви конкретни информации околу повредата, а медиумите шпекулираат дека е можно тој да ги повредил лигаментите во зглобот.

„Како да пукна нешто во зглобот, но мислам дека ништо не е скршено“, рекол кратко Мбапе.

 

Scroll to Top