Top Sport

Загуби тимот со најлошите дресови – Леверкузен со „петарда“ за Мајнц (видео)

Баер Леверкузен стигна до импресивна 5:1 победа на гостувањето во Мајнц, нивна трета едноподруго во Бундеслигата за да се искачат на петтото место во германската прва лига.

Вендел ги донесе „фармацевтите“ во водство по само четири минути игра, но домаќините израмнија преку Робин Кваисон во деветтата минута. До крајот на полувремето, гостите постигнаа уште три гола преку Хаверц, Брант и Белараби, решавајќи го мечот, за Јулијан Брант да го постигне и вториот гол во 64. минута.

Леверкузен се на петтото место во Бундеслигата со 33 поени, четири помалку од Лајпциг и еден повеќе од Ајнтрахт Франкфурт, додека Мајнц по низата од два порази е на 11. место со 27 поени.

За одбележување, секако, беа и ужасните „посебни“ дресови кои ги носеа фудбалерите на Мајнц, некои би кажале само поради тоа го заслужија поразот. Дресовите, инаку, се инспирирани од локалниот зимски карневал „Мајнцер швелкеф“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top