Top Sport

Тоњо во средата потпиша нов договор, денеска беше уапсен за изнуда!

Дефанзивот на Леванте, Тоњо е уапсен во местото Теруел заедно со уште шест луѓе поради изнуда и закани, потврди полицијата. 29-годишниот Тоњово средата го продолжи договорот со клубот од Валенсија за кој настапува и македонскиот репрезентативец Енис Барди до сезоната 2022/23.

Според полицијата, Антонио Гарсија Аранда, попознат како Тоњо, бил вклучен во криминална организација која се занимавала со изнуда, сериозни закани по животот, кражба на документи и перење пари.

Од Леванте побараа да заврши истрагата.

„Клубот, без предрасуди, ќе му даде поддршка на фудбалерот и неговото семејство. Не ги знаеме деталите околу истрагата, но нашиот фудбалер заслужува да биде невин додека не биде докажано спротивно“, се вели во соопштението на Леванте.

Scroll to Top