Фудбалерот на премиерлигашот, Кристал Палас, Вилфред Заха одлучи да помогне во борбата против коронавирусот така што ги отвори своите 50 стана во Лондон за здравствените работници.
Намерата му е борците против коронавирусот да останат во становите доколку не можат да се вратат дома по напорниот ден во клиниките.
„Вилф размислуваше како да помогне и реши – имаме доволно простор, ајде да напраиме нешто за нив. И јас имам семејство и пријатели кои работат во здравствените центри“ – вели Оби Вилијамс, партнер на Заха во тргувањето со недвижности.
На фудбалерот веќе му се јавиле од неколку болници и тој им отстапил сместување без никаква надокнада.
Инаку, цената на Заха во Кристал Палас изнесува околу 100 милиони евра, а клубот е заинтересиран за негова продажба.
Има и заинтересирани клубови.