Top Sport

Фелаини е првиот фудбалер од кинеската лига кој е позитивен на корона вирусот

Поранешниот фудбалер на Евертон и Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини е е првиот фудбалер од Кинеската Суперлига кој е позитивен на корона вирусот.

32-годишниот Белгиец во моментов игра за кинескиот клуб Шандонг луненг и пристигнал на тренинзи во провинцијата Џинан на 20 март кога имал позитивен тест. Фелаини пристигна во Шандонг во 2019 година и во првата сезона постигна 13 голови за тимот кој заврши на петтото место во Лигата.

Како што се шири заразата, сè повеќе фудбалери и луѓе од фудбалот стануваат позитивни. Во саботата, почина поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санз, додека Пауло Дибала од Јувентус и неговата сопруга беа позитивни на вирусот, како и спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини и неговиот син Даниел Малдини.

Scroll to Top