Фудбалерот на Кристал Палас, црномурестиот Вилфред Заха е првиот кој одлучи да протестира против борбата со расизмот која се манифестира со клекнување на колено пред секој меч. Заха пред денешниот дуел што неговиот тим го доби со 1-0 против ВБА остана да стои додека сите на теренот клекнаа.
Одлуката да не клекне пред мечот детално ја објасни:
„Од порано е познато дека вака ќе започнуваат натпреварите. Не постои точна или погрешна одлука, сметам дека клекнувањето стана дел на рутина пред натпреварите и во овој момент воопшто не е важно дали ќе клекнеме или нема тоа да го сториме. Некои од нас и понатаму се жртви на злоставување. Се се претвори во нешто што сега се прави, за мене тоа не е доволно“ порача Заха.
Wilfried Zaha becomes first Premier League player to NOT take a knee.
"It’s becoming something that we just do now and that’s not enough for me." pic.twitter.com/KnYtWwUOCD
— ESPN FC (@ESPNFC) March 13, 2021