Top Sport

Заха повеќе нема да клечи

Вилфрид Заха, ѕвездата на Кристал Палас, го обележа вчерашниот ден во Премиер лигата. Кристал Палас го победија ВБА со 1:0, во голот на Лука Миливојевиќ од пенал. Заха е тема на денот бидејќи не сакаша да клекне пред почетокот на натпреварот, во знак на борбата против расизмот.

„Тука не станива збор за погрешна или исправна одлука. Едноставно, клечењето стана дел од фудбалските натпревари, стана рутина пред почетокот на натпреварите. Не е важно дали клечиме или стоиме, секако трпиме навреди“, рекол Заха.

Заха е првиот играч во Премиер лигата кој кажа дека повеќе нема да биде дел од овој ритуал, а претходно фудбалерите на Брентфорд се огласија со соопштение во кое напишаа дека клечењето нема ефект и дека ќе најдат други начини за да се борат против расизмот.

Scroll to Top