Top Sport

Замената за Фофана пристигна во Лестер

Лестер, во финишот на преодниот рок донесе играч на местото на Весли Фофана, кој за 80.000.000 евра се пресели во Челси.

За новиот дефанзивец „лисиците“ издвоија четири пати помалку пари. Станува збор за 24. годишниот Вут Фас од Ремс, кој потпиша петгодишен договор.

Белгиецот го чинеше Лестер 20.000.000 евра.

Фас, пред четири години од остенде се пресели во Ремс. Тогаш францускиот тим како обесштетување издови само 300.000 евра.

Вут Фас годинава дебитираше за Белгија, како сега стојат работите тој ќе биде на списокот за СП во Катар.

Scroll to Top