Top Sport

Солари: Ги жалам оние што минатата недела го открија Бензема

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, не ги штедел комплиментите за играта на Карим Бензема и во исто време „испукал отровна стрела“ кон сите оние што го критикуваат францускиот фудбалер.

Реал, синоќа го потврди пласманот во полу-финалето на националниот Куп. Реал, во реваншот, победија во Џирона 3:1. Два гола во победата постигна Бензема.

foto: epa

Поранешниот француски репрезентативец на последните три натпревари има постигнато пет гола.

„Ги жалам оние што минатата недела го открија Бензема. Сепак имаат време да уживаат во неговата игра, тој се наоѓа во одлична форма. Бензема е неверојатен талент, секогаш му е подреден на тимот“, рекол Солари.

Покрај Реал пласман во полу-финалето на Купот изборија Барселона, Бетис и Валенсија.

Scroll to Top