Top Sport

Замина уште еден човек на Солскјер – Меккена нов менаџер на Ипсвич

Досегашниот тренер во Манчестер јунајтед, Киеран Меккена си заминува од клубот како уште еден човек на претходниот менаџер Оле Гунар Солскјер, откако 35-годишниот стручњак од Северна Ирска од понеделник ќе стане нов менаџер на третолигашот Ипсвич таун.

„Да се замине од клуб како Јунајтед е многу тешка одлука, но верувам дека имам голема шанса да направам нешто со Ипсвич. Ова е вистинско време да го направам големиот чекор во кариерата“, вели Меккена.

Меккена беше на чело на У-18 тимот на Јунајтед, пред Жозе Мурињо да го привлече во неговиот тим во 2018. Тој беше дел од тимот на Оле Гунар Солскјер покрај Мајкл Керик, но влијанието во тимот се намали по именувањето на Ралф Рангник и неговата одлука да го донесе Американецот Крис Армас во тимот.

Ипсвич, кои испаднаа од Чемпионшип во 2018/19, се само 12. во Лига 1, со само седум победи во текот на сезоната.

Scroll to Top