Top Sport

Агуеро се откажал од 6.5 милиони евра од Барселона

Серхио Агуеро, откако на емотивна прес-конференција во средата објави дека става крај на кариерата, се согласил Барселона да не му ја плаќа последната година од неговиот договор вреден 120.000 евра неделно, тврдат шпанските медиуми.

Аргентинецот си заминува од Барселона со само пет настапи и еден постигнат гол поради пробелми со срцето, и неговиот гест ќе значи многу во Барселона која се мачи со финансиите, откако претходно прифати 75 отсто намалување од платата која ја добиваше во Мачестер сити.

Ова значи дека тој се откажува од речиси 6 милиони евра, иако клубот ќе му ја исплати платата за оваа сезона. Барса ја зголемува потрагата за негова замена, со триото на Манчестер јунајтед како главни конкуренти – Антони Марсијал, Мејсон Гринвуд и Единсон Кавани.

Scroll to Top