Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, не сакал да го напушти Реал, но доколку Сантијаго Солари останел на функцијата и по завршувањето на сезоната, тогаш бил подготвен да си оди, пренесуваат шпанските медиуми.
Иско е предмет на интерес на неколку врвни тимови (Јувентус, Манчестер сити, Интер, Пари Сен Жермен), меѓутоа тој сака да остане во Реал, но под еден услов – тренер да не биде Сантијаго Солари.
Наводно тој рекол дека ќе побара трансфер доколку Реал и по завршувањето на сезоната Солари остане на тренерската функција.
Шпанскиот репрезентативец и аргентинскиот тренер не се во добри односи, поради што фудбалерот има одиграно само 491 минути за првиот тим.
Според новинарските шпекулации за Иско, барем засега најмногу пари, 86 милиони евра, нудат Манчестер сити.