Top Sport

Свилар: Животот ќе ти даде сè, а потоа ти удира шлаканица

Младиот голман на Бенфика, Миле Свилар, рекол дека уживал во натпреварот против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Тој истакнал дека натпреварто за него е „незаборавно искуство“.

Најмладиот голман кој бранел на натпревар во Лигата на шампионите, синоќа на „Олд Трафорд“, успеа да му одбрани пенал на Марсијал, а потоа во финишот на првиот дел прими несреќен гол по ударот на Немања Матиќ. Ударот на Матиќ заврши во дирекот, а потоа топката се одби од грбот на несреќниот Свилар и заврши во голот.

„Секако дека емотивно го доживеав одбранетиот пенал. Бев многу среќен, но морав да останам сконцентриран бидејќи имаше уште 70 минути до крајот. Никогаш не сум сакал да ги прославувам своите одбрани, туку сакам да останам смирен. Кај ударот на Матиќ мислам дека не можев да направам ништо, а сепак си постигнав автогол. Понекогаш треба да имате и среќа“, рекол Свилар за официјалната интернет страна на УЕФА и дополнил.

„Таков е животот – прво се ќе ти даде, а потоа ќе ти удри шлаканица. Да не се фрлев по таа топка, можеби немаше да се одбие од дирекот. Не можев да знам какде ќе оди топката, едноставно се фрлив“.

Миле Свилар со 18 години и 65 дена стана најмладиот голман кој одбранил пенал во Лигата на шампионите. Белгиецот со српски корени, две недели претходно стана најмладиот голман кој настапил на натпревар во Лигата на шампионите.

Свилар станува легенда на Јунајтед! Два меча – два гола!

Scroll to Top