Top Sport

Занети и „лег прес“: Со нога кревав и по 310 килограми

Хавиер Занети, имаше неверојатна кариера која траеше преку две децении, а тајната на неговата долговечност е беспрекорната физичка подготвеност. Прославениот капитен на Интер, открил како изгледал неговиот режим и што се правел за да биде максимално физички подготвен.

„Снага секогаш била од фундаментално значење во мојата кариера. Кога пристигнав во Италија во 1995 година започнав да работам многу вежби за сила. Работев и со тимот, но и соло. Играч со силни мускули има поголеми шанси да ги избегне повреда. Редовно играв два натпревари неделно, но никогаш во понеделник не ги пропуштав вежбите за сила. Кревав од ‘бенч’, за нозете имав прес од 500 килограми, а еднаш со нога успеав да подигнам 310 килограми“, открил Занети.

Легендарниот Аргентинец за клубовите и репрезентацијата во кариерата одиграл преку 1.100 натпревари.

Scroll to Top