Top Sport

Занети: Лаутаро и Икарди се иднината на Интер

Легендата на Интер и сегашен директор на фудбал, Хавиер Занети вели дека „нераѕурите“ сметаат на неговите сонародници, Лаутаро Мартинез и Мауро Икарди како на „иднината“ на клубот.

21-годишниот Лаутаро дојде на „Џузепе Меаца“ откако постигна 22 гола во 48 настапи за Расинг во Аргентина и Интер платија 23 милиони евра и Занети вели дека тој заедно со Икарди ќе бидат „убоити“ во нападот.

„Имаме среќа што го имаме Лаутаро во тимот. Тој беше големо изненадување за мене, бидејќи не го познавав како личност туку само како фудбалер кој го гледав. Луѓето во Интер се пресреќни со него. Не е лесно да се навикнеш на фудбалот во Италија, но тој има голема иднина со нас. Икарди уште е млад и тие двајца се нашата иднина“, вели Занети во интервју за порталот „Гол“.

Икарди беше мета на критики во текот на неговата кариера како капитен на Интер, посебно откако неговата сопруга Ванда Нара, која е и негов менаџер го одложува потпишувањето на новиот договор, но Занети смета дека работите се извадени од контекст.

„Секако, тие вести се профитабилни за медиумите. За тие кои навистина го сакаат фудбалот, не им е грижа за таблоидите“, додава Занети.

Scroll to Top