Поранешниот капитен на Интер, Хавиер Занети запрашан кој му бил најдобриот соиграч во кариерата изненади со одговорот. Иако сите очекуваа тоа да е бразилскиот Роналдо, сепак Аргентинецот се одлучи за легенарниот Италијанец, Роберто Баџо.
„Кога Роналдо дојде од Барселона беше неверојатен. Сепак, ако би морал еден да издвојам, тогаш тоа би бил Роберто Баџо. Имаше идеален баланс меѓу квалитет и страст на теренот. Го обожував Баџо“ – рече Занети.
Италијанецот во Интер помина само 2 години, пред да замине во Бреша, каде ја заврши кариерата. Занети, пак, во Интер заврши со фудбалот дури на 41 година.
„Сакав да сум одлучен кога ќе ја завршам кариерата, тоа да биде кога ќе сум во полна форма. Не сакав навивачите да се сеќаваат на мене по некои лоши игри“ рече Занети.