Top Sport

Манчини: Ибрахимовиќ е на исто ниво со Меси и Роналдо!

Поранешниот италијански фудбалер, актуелен селектор на Азурите, Роберто Манчини го смести Златан Ибрахимовиќ на исто ниво со Лео Меси и Кристијано Роналдо.

„Златан ќе биде запаметен како еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња. Го ставам веднаш до Меси и Роналдо, на исто ниво. Освојуваше шампионски титули секаде каде што отиде, постигна многу голови. Одлично игра за Милан сезонава, но засега не знам какви му се плановите за во иднина“ – иајави Манчини за „SportMediaset”.

Ибрахимовиќ и Манчини одлично се познаваат, затоа што под водство на Италијанецот шведскиот фудбалер освои 2 титули со Интер, по што патиштата им се раздвоија.

Манчини замина во Манчестер Сити, а Ибрахимовиќ ја засили шпанска Барселона.

Scroll to Top