Top Sport

Занети признава: Икарди нема иднина во Интер

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети признава дека не верува дека Мауро Икарди има било каква иднина во клубот и покрај тоа што неговиот аргентински сонародник уште е официјално играч на „нераѕурите“.

27-годишниот Икарди беше пратен на позајмица во Пари Сен-Жермен минатото лето, откако прво во февруари 2019 му беше одземена капитенската лента по конфликтот со клубот, а новиот тренер Антонио Конте јасно му порача дека не смета на него.

Аргентинецот постигна 17 гола во 26 меча во Лига 1 за ПСЖ, но надежите за постојан трансфер во француската престолнина беа намалени откако неговата сопруга и агент, Ванда Нара најави дека тие планираат враќање во Италија. Занети смета дека тоа нема да биде во Интер.

„Не знам, но не верувам дека ќе се врати во клубот. Во моментов, сепак, нашиот фокус е здравствената криза, а потоа ќе имаме време да размислуваме за трансфери“, вели Занети за „ЕСПН“.

За другиот негов сонародник, Лаутаро Мартинез кој е поврзуван со трансфери во Барселона, но и во Манчестер сити, Занети верува дека можат да го заддржат на „Меаца“.

„Гледам дека во Интер е среќен, дека се идентификува со клубот. Затоа не сме загрижени и му веруваме. Неговата иднина ја гледам во дресот на Интер“, вели Занети.

Scroll to Top