Top Sport

Јунајтед би го „вдомиле“ Хамес Родригез

Откако трае карантинот поради корона вирусот, најголеми шпекулации околу неизвесниот преоден рок се поврзуваат со тимот на Манчестер јунајтед, кој според медиумите во Англија и Шпанија би купиле барем 10-тина играчи ова лето. Сега, на листата се приклучува и Хамес Родригез, според шпанскиот „АС“.

Агентот на Колумбиецот, Жорге Мендеш веќе бил во преговори со Јунајтед за трансфер ова лето за сума од околу 40 милиони евра, откако стана јасно дека за него нема иднина во тимот на Зинедин Зидан.

28-годишниот Родригез минатата година се врати од двегодишната позајмица во Баерн Минхен, но имаше само 13 настапи за „кралевите“ со еден гол и две асистенции. Иако на прв поглед изгледа дека на Јунајтед не им е потребен играч од средниот ред кој би одел во напад по доаѓањето на Бруно Фернандеш, останува неизвесна иднината на Пол Погба.

Scroll to Top