Некогаш прогласен за еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, Николо Заниоло во последните месеци се повеќе се наоѓа во центарот на вниманието поради дисциплински прекршоци, а не поради она што го покажува на теренот. Италијанскиот напаѓач, кој моментално е на позајмица во Фиорентина, повторно беше актер на инцидентна ситуација.
Заниоло присуствуваше на полуфиналето од Примавера лигата (италијанско првенство за играчи до 20 години). Во понеделникот играа Фиорентина и Рома, клубот каде што ја започна својата професионална кариера и ги имаше своите најдобри сезони. Според извештаите на италијанските медиуми, кон крајот на натпреварот, 25-годишникот влегол во вербална расправија со некои од младите играчи на Рома.
Тензиите на теренот траеле неколку минути, а потоа инцидентите продолжиле во соблекувалните. Заниоло влегол во делот од стадионот каде што не смеле да биде, што дополнително ја вжешти ситуацијата. Наводно влегол во соблекувалната на Рома и физички се судрил со најмалку двајца играчи од тимот до 20 години.
Клубот од Рим издаде официјално соопштение на својата веб-страница во кое го потврдува инцидентот и изразува жалење, обвинувајќи го Заниоло за провокативно однесување:
„Според прелиминарните информации, играчот наводно влегол во соблекувалната на тимот по натпреварот и се однесувал провокативно кон некои млади играчи на Рома. За време на пресметката, двајца играчи се здобиле со телесни повреди. Рома остро го осудува секој облик на агресивно однесување што е спротивен на вредностите на спортот.
Се огласи и Заниоло и тој негира дека имало физичка пресметка:
„По натпреварот, отидов во соблекувалната на Фиорентина да им честитам на играчите, а потоа и во соблекувалната на Рома да им го честитам крајот на сезоната. Сепак, во еден момент почнаа да ме навредуваат, па за да избегнам ескалација, решив да си заминам“.
За потсетување, Заниоло во атмосфера на тензии ја напушти Рома во 2023 година и се пресели во Галтасарај. Таму не се снајде па играше на позајмици во Астон Вила, Аталната и Фиорентина.
Секогаш кога во Рим игра против својот поранешен тим, тензиите се високи. Само три недели претходно, по натпреварот во Рим, Заниоло доби црвен картон поради протест по откако судијата означи крај на натпреварот.