Рома потврдија дека еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал, 20-годишниот Николо Заниоло го продолжил договорот со „волчицата“ до 2024 година.
Италијанските медиуми тврдат дека со новиот договор неговата плата се искачи од 700.000 евра по сезона на 2.5 милиони евра по сезона, а тој е „награден“ и со повеќе бонуси со клаузули.
„Пред една година беше лесно да ја изберам Рома, а денеска беше уште полесно да решам да останам по одличната сезона во која се заљубив во овој дрес и овој град. Би сакал да се заблагодарам на клубот за можноста која ми ја дава“, изјави Заниоло.
Младиот Италијанец дојде од Интер минатото лето како дел од договорот со кој Раџа Наинголан замина на „Сан Сиро“. Наинголан ова лето си замина и од Интер и се врати во тимот на Калјари.
Во својата прва сезона во Рома, Заниоло постигна шест гола и имаше две асистенции во 36 натпревари.
Signed on the dotted line… ⚡️?⚡️
Nicolo Zaniolo has agreed a new five-year contract with #ASRoma! ??✍️
— AS Roma English (@ASRomaEN) August 14, 2019