Top Sport

Заниоло испиша историја во ЛШ (Видео)

Играчот на Рома, Николо Заниоло, не очекувал дека ќе влезе во историјата на Лигата на шампионите. Синоќа, Заниоло, постигна два гола против Порто, со кои Рома победи 2:1, во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Заниоло со 19 години и седум месеци стана најмладиот италијански фудбалер што постигнал два гола во ова натпреварување.

„За мене ова е неверојатна ноќ. Никогаш не очекував дека можам да стигнам до вакво остварување. Не можам да го опишам чувството. Се надевам дека ќе го повторам ова“, рекол Заниоло за „Скај Италија“.

Ова талентирано момче, во летниот преоден рок пристигна во Рома од Интер, како кусур за трансферот на Раџа Наинголан.

Scroll to Top