Top Sport

Азар: Стилот на Сари е и моја фудбалска филозофија

Најдобриот играч на Челси, Еден Азар, смета дека Маурицо Сари треба да остане на кормилото на Челси и покрај серијата на тешки порази што ги доживеа клубот во изминатите неколку недели. Челси на три гостински натпревари не постигнаа ниту еден, а примија 12 гола. Вистинска катастрофа доживеаја во неделата кај Манчестер сити (6:0).

Сари одлично ја започна сезоната, немаше пораз во првите 12 натпревари во Премиер лигата, но во вториот дел од првенството работите во Челси се далеку од идеални.

„Сите менаџери со кои сум работел ми дадоа нешто свое. Од моментот кога работев со Клод Пуел во Лил, а се досега кога работам со Маурицио Сари. Сите тие на различен начин го гледале фудбалот и поради тоа сум јас ваков играч. Сите ми давале важни совети. Жозе Мурињо беше посебен, но начинот на кој Сари сака да игра ја отсликува мојата фудбалска филозофија“, рекол Азар.

Играчите на Челси, в четврток, ќе гостуваат во Малме во Лига Европа.

Scroll to Top