Тотенхем под водство на Антонио Конте се заинтересирани да го донесат во Лондо неговиот италијански сонародник, Николо Заниоло, откако најавеното продолжување на договорот со Рома е неизвесно по конфликтот со Жозе Мурињо.
Заниоло има договор со „волчицата“ до јуни 2024, но според „Калчомеркато“ неговите агенти веќе ги прекинале разговорите со Рома, и Јувентус и Тотенхем се најзаинтересирани за поранешниот фудбалер на Интер и Фиорентина. Спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Паратичи исто како Конте, подолго време се љубители на играта на плејмејкерот, а во нивна корист оди тоа што под Мурињо, тој веќе не е стартер и на негово место честопати игра Лоренцо Пелегрини.
22-годишниот Заниоло доби шанса да биде стартер во четвртокот на мечот од Конференциската лига против Зорја, постигнувајќи го вториот гол оваа сезона, по што доби пофалби од Мурињо.
„Против Венеција беше на клупата бидејќи не тренираше и имаше роблеми со фитнесот. Не очекувам Заниоло сам да го носи тимот, туку да биде дел од тимот и сега ми се допаѓаше како игра. Тој има голем потенцијал, но и многу да научи околу тактиката и односот на теренот“, изјави Мурињо.