Top Sport

Заниоло одбил да стане клиент на Мино Рајола

Ѕвездата на Рома, Николо Заниоло ја отфрлил можноста да стане клиент на супер-агентот Мино Рајола, тврди „Ла газета дело спорт“.

Според спортскиот весник, Рајола бил еден од повеќето агенти кои по спектакуларниот раст во формата на тинејџерот оваа сезона по доаѓањето од Интер контактирал ос неговото семејство ветувајќи големи трансфери и многу пари. Сепак, таткото на Заниоло, поранешниот напаѓач на Џенова, Игор Заниоло ги одбил сите и за весникот потврдил дека ќе остане со сегашниот агент Клаудио Вигорели.

19-годишниот Заниоло веќе смени еден агент во кратката кариера, откако го ангажираше Вигорели по соработката со Стефано Кастелново.

На Рајола не му недостасува талент кај своите клиенти, меѓу кои се Пол Погба, Марио Балотели, Џанлуиџи Донарума и Марко Верати.

Scroll to Top