Top Sport

Пјонтек: Јас ќе го направам Милан повторно голем

Откако по само една полусезона стана вистинска сензација во Италија, очигледно е дека на Кшиштоф Пјонтек не му недостасува амбиција, сега најавува дека Милан ќе стане „голем повторно“ поради него.

Пјонтек веќе постигна шест гола за Милан, исто колку што неговиот претходник во дресот на „росонерите“, Гонзало Игуаин имаше во половина сезона, и на Полјакот не му недостасува глад за уште големи работи.

„Се надевам дека Милан ќе стане голем благодарение на мојата игра. Лукас Пакуета навистина знае каде ја сакам топката и технички е совршен, така што мислам дека ќе бидеме вистинско партнерство. Заминав од Полска кога бев физички, ментално и технички подготвен. Можев да заминам и порано, но останав уште една година и не жалам за тоа. Да ги имав сите квалитети за кои весниците пишуваа ќе бев најдобриот фудбалер во историјата, но амбицијата е тука. Задоволен сум од головите, не од насловните страници. Во Милан се составува одлична група, и искрено, најблизок сум со тие кои ручам – Чалханоглу, Бакајоко, Пакуета, Кеси, Родригез и Борини. Одлични момци“, вели Пјонтек во интервју за полскиот „Пжеглад спортови“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top