Серија А обично не е лига која може да се пофали по бројот на голови во еден натпревар, но оваа недела голгетерите беа во форма, предводени од неверојатниот Колумбиец Дуван Запата, кој за една минута прво имаше катастрофално утнат пенал, за потоа да донесе бод за Аталанта.
Најинтересно беше во Бергамо, каде што Аталанта успеа да надополни предност на Рома од 0:3 за супер-интересно 3:3 реми. Един Џеко постигна два гола, а Стефан Ел Шарави додаде уште еден за „волчицата“ по 40 минути игра да има 0:3 и речиси сигурни три поени.
Меѓутоа, Тимоти Кастањ успеа да намали на 1:3 пред крајот на полувремето преку Тимоти Кастањ, пред во 59. минута Рафаел Толои да им даде надеж на домаќините. Драмата на „Атлети аѕури д’Италија“ достигна ниво на вриење кога во 71. минута беше досуден пенал за домаќините. На белата точка застана Дуван Запата, најдобриот стрелец во Серија А досега, но тој ја шутна топката високо над голот во еден од најлошите изведени пенали оваа сезона. Меѓутоа, само минута подоцна тој се „оправда“ со фантастичен гол за 3:3 по асистенција на Иличиќ!
Драматично беше и во Парма, каде што домаќините имаа 2:0 водство по двоецот на Роберто Инглезе, но потоа за 17 минути примија три гола за 2:3 пораз од СПАЛ. Болоња загуби катастрофално дома од Фросиноне (дури 0:4), а претходно Киево и Фиорентина одиграа трилер-меч со седум гола (3:4), кој им припадна на Виола.
СЕРИЈА А, 21. КОЛО
Киево – Фиорентина 3:4
Аталанта – Рома 3:3
Болоња – Фросиноне 0:4
Парма – СПАЛ 2:3
Фото: ЕПА