Дуван Запата во моментов е најпрдуктивниот напаѓач во светот на фудбалот. Колумбиецот има статистика каква што немаат ниту Меси, Роналдо, Левандовски, Нејмар…На последните десет натпревари за Аталанта Запата има постигнато 17 гола.
Голгетерската серија Запата ја започнал на 3 декември против Наполи, а трае и по четврт-финалниот меч во Купот на Италија, каде со два гола придонесе Аталанта да ги елиминира бранителите на титулата, Јувентус.
Во овој момент 27-годишниот напаѓач, кој во Аталанта настапува како позајмен играч од Самдорија, постигнува 1,7 голови по натпревар, просек каков што нема ниту еден друг фудбалер.
Интересно, до 3 декември и мечот со Наполи, Запата имал постигнато само четири гола на 19 натпревари.
Голгетерската серија Колумбиецот ќе може да ја продолжи викендов кога Аталанта ќе гостува кај Каљари.