Аталанта ја продлабочи кризата на Јувентус. Клубот чија работа неколку дена е под истрага на финансиската полиција, вечерва доживеа пораз од Аталната 0:1. Јувентус остана на осмата позиција со 21 бод, 11 помалку од лидерите Наполи и Милан, додека Аталанта се зацврсти на четвртото место со 28 бода.
Аталанта по неколку неуспешни обид успеа да го победи Јувентус во Торино. Ова е прва победа на Аталната во Торино по пауза од 32 години. Екипата од Бергамо подобрата игра во првото полувреме ја крунисаа со голот на Дуван Запата во 28.минута.
Џимшити пресече лошо додавање од Мората, на прва го проигра Запата кој го совлада Шчесни.