Top Sport

Започна чистката во Барселона

Челниците на Барселона, во консултација со тренерот Чави им соопштиле на тројца фудбалери дека не и се потребни за наредната сезона.

Барселона по завршувањето на сезоната ќе ја напуштат Адама Траоре, Лук де Јонг и Мартин Брејтвајт.

Адама и Де Јонг ќе се вратат во своите клубови, Вулверхемптон и Севилја, бидејќи им истекува позајмицата и Барса нема да ги откупи договорите, додека Брејтвајт ќе биде продаден бидејќи веќе има неколку клубови кои се заинтересирани за него.

Јасно е дека овие тројца нема да бидат единствените кои ќе го напуштат клубот. На оваа листа речиси сигурно ќе се најдат Самуел Умтити, Клемент Ленгле, Рики Пуиг, Оскар Мингеза, Нето, Сержињо Дест …

Scroll to Top